Секој има право на чист воздух?!
Слободата на умот нема цена?!
Нема правда нема мир?!
Чекам неколку дена да видам до кај можи да оди „умо” на до вчера борците за слобода. Да видам уште колку писанија ќе напишите. Да видам уште на колку места ќе кажите дека сте „жртви” и дека ви е „тешко” да сте на власт.
Чекам да видам уште кај сè не ќе напишите дека вандали и насилници во Битола колнеле, карале, кршеле и замислете БАРАЛЕ ПРАВО НА ЧИСТ ВОЗДУХ.
Не ви е бе срам?
Имате бе намус, шо би рекле битолчани, ова шо го прајте?
Абе вие истите кај Двојче пред зграда нè фрлавте и нè викавте?
Вие истите јајца фрлавте!
Вие истите секој ден во 6 пред Општина бевте и го „малтретиравте” градо.
А бе заради еден граѓански протест од „50 души” толку паника кренавте? Па еден куп соопштение издадовте, па колумни, па статуси … во одбрана на неодбранливото.
По, по, поооо, не ми се верва!
А бе од протест од луѓето шо ве гласаја и шо живеат во ист град со вас се уплашивте?
Вие зборате за нарушување на права?
Да, точно е дека имаше гнев на протестот, точно е дека имаше непријатни извикувања, точно е дека беше тензично, ама какво да биди?
Праша некој шо му рече вашата ценета градоначалничка на луѓето ко излезе пред нив? Со насмевка на лице ако излезиш пред луѓе кои бараат основно право да дишат и ако му речиш дека не е ни време ни место да протестират, не можиш да очекуваш ништо друго.
Оти ние и тие луѓе и сите други кои не беа таму, две години чекаме да му дојди на некој „умот”, да почни нешто да прај за градот. Место то, секој ден гледаме само партиски вработување, партиски соопштенија, партиски наредби… Секој ден се потценува интелегенцијата на битолчани со мерки и проекти кои не се ни смешни поќе, туку се трагични. Секој ден сме сведоци на нова глупост.
Секој ден сè поќе и поќе се служите со ситни заплашувања, омаловажувања и притисоци. Вие сте тие кои шират омраза. Вие сте тие кои од бес заради то шо некој ви го нарушва комодитетот на власта, ширите гнев кон луѓето. Вие кои мислевте дека никој нема да ви се спротиствави, од страв да не се врати режимот, вие сте тие кои ќе го вратат.
Кога во Битола сме стигнале од еден граѓански протест, направен во момент на енормно загадување (без пренос во живо), градоначалничката да се обрати со видео-порака (небаре Бин Ладен ја нападнал Битола), нема поќе шо да бараме од власта. Шо би рекол еден мој пријател, ова е крај на програмата.
Ама на крај, ќе ви кажам – можите да пишите колку сакате, можите да спинувате колку сакате, само не можите да ги натерате луѓето поќе да ви верват. Никој не ви се плаши, ниту Општината ви е наследство од дома, па да прајте шо сакате.
И да – на гла да застаните, тврдам дека ќе дојди ден кога Битола ќе живеј поинаку од ова. Оти уште има луѓе во Битола на кои идеалот им е поголем од парите за кои вие секој ден ја ништите!
ПС. Отворете си ги профилите, пролистајте и потсетете се шо имате зборано, оти ако вие заборавате, битолчани памтат. И не нè резилете поќе во државата – од тикви и акробации на гла, немате време за градот и проблемите.