Француското обвинителство идентификувало 349 потенцијални жртви на пензиониран хирург осомничен за силување малолетни пациенти во речиси 30 години од својата работа.
– 229 лица се сослушани од кои 197 поднесоа тужби, изјави државната обвинителка Лорелин Перифит.
– Станува збор за постапка досега невидена како по начинот на кој се откриени фактите од обвинителството и по бројот на лица. Досега има 250 потенцијални жртви, додаде таа.
Жоел ле Скоурнес (68) е во затвор откако пред две години против него беше поднесена тужба за силување и други полови напади врз четири жртви кои биле малолетни во време на извршување на делото.