Ѓорчев: Дали и кој од врвот на власта му јавил на Боки 13 за истрагата?

1044

Вчера во дел од македонската јавност видовме информации за сведочењето на Зоран Милески – Кичеец. Прашањето е дали навистина тие зборови се зборови коишто ги кажал Зоран Милески – Кичеец? За овие зборови чекаме потврда дека тоа е од судењето на Кичеец, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

– Дали е ова веродостојно сведочење и дали се ова зборовите на Зоран Милески? Дали и кој од врвот на власта на Зоран Заев му доставил податоци на Бојан Јовановски во врска со истрагата на МВР, дека тој е всушност осомничено лице? Кој му доставил информации на Бојан Јовановски дека има истрага против него?

Ако е навистина така, тогаш се наметнуваат и други прашања, дали и колку пати Зоран Заев се среќавал со Бојан Јовановски и Зоран Милевски?  Дали, кога и колку пати еден куп министри се среќавале со Бојан Јовановски ?  Ова се важни прашања кои што се наметнуваат, прашања за кои македонската јавност со право чека одговори – рече Ѓорчев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...