„Правиот пат“ продолжува како „Агенда 20/24“

Новата програма на владејачката партија за престојните избори ќе се базира на 11 тематско-проблемски точки и таа, според партискиот генерален секретар, веќе се пишува, во координација со граѓаните, надворешни експерти и НВО

252

По завршната трибина од кампањата „На прав пат“, што се одржа викендв во Скопје, владејачкиот СДСМ најави нова кампања насловена „Агена 20/24“, која ќе стартува уште вечерва  во Музејот на град Скопје на тема „ Агенда – иновитавива“.

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски ја претстави денеска новата кампања, посочувајќи дека во наредниот период ќе се одржат 11 тематско-проблемски трибини, како столбови на кои ќе се потпира програмата на владејачката партија на престојните парламентарни избори. Вечерашната трибина е посветена на економијата, со акцент на новите технологии и претприемништвото. В недела, како што рече Николовски, ќе се одржи втората трибина на клучната точка  од „Агенда 20/24“ насловена „Агенда млади“, а следната седмица ќе има трибина на тема „спорт“. Другите трибини ќе следуваат по Новогодишните празници.

-Партиските комисии и сите партиски тела, заедно со граѓаните, надворешни експерти и НВО, веќе работат на новата програма на СДСМ и на Владата. Се собираат предлози од граѓаните. Досега добивме околу четири илјади предлози, од кои поголем дел се издржани и ќе бидат вклучени во новата програма. Владата на СДСМ постигна големи успеси во изминатиот период, посебно во економијата, социјалната политика, земјоделството… Во рамки на проектот „На прав пат“ одржавме 30 трибини низ целата држава и уште 600 маалски урбани средби. Околу 6.000 наши активисти се на терен, од врата на врата, на постојани средби со граѓаните. Со СДСМ иднината на генерациите е обезбедена. Направивме многу,  а имаме уште многу да направиме и нема скршнување од овој пат на напредок – изјави Николовски на прес-конференција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...