Полицијата во Јута ја извести јавноста дека има сомнежи оти Американка 10 години го чувала телото на сопругот во замрзнувач и во тој период ја користела неговата ветеранска пензија, во вкупен износ од 177.000 долари, како и останатите привилегии.
Портпаролката на полицијата во градот Туел, Јута, САД, изјави дека жената е пронајдена мртва во својот стан минатиот месец. Полицајците потоа го прегледале живеалиштето, па го пронашле и телото на мажот.
Градските власти претпоставуваат дека тој починал од болест во 2009 година, додава гласноговорничката.
Овој понеделник, пак, истражителите нашле писмо заверено во декември 2008 година. Се смета дека, веројатно, е напишано од самиот сопруг. Во него се вели дека сопругата не е одговорна за неговата смрт.