Адвокатите во ТНТ реагираат: Сакате 20.000 страници да прочитаме за два часа?!

1460

Вие како судија две години го водите случајот и не сте успеале да го завршите, а барате од мене да го завршам увидот за два часа и да го испрашувам Миле Јанакиески и да го бранам. Станува збор за материјал од 20.000 страници, рече еден од бранителите кои вчера им беа доделени по службена дожност на обвинетите во случајот ТНТ за уривањето на комплексот „Космос“, објект на бизнисменот Фијат Цаноски кој е присутен во судницата.

Адвокатите по службена должност реагираат што им е даден прекраток рок од два часа за увид во материјал од 20.000 страници.

– Не ни дозволува професионалната етика да прифатиме одбрана на обвинетите кога не го познаваме стоотстотно предметот – реагираа адвокатите.

Обвинетиот Миле Јанакиески пристапи кон говорницата за да даде исказ, но поради реакцијата на адвокатите тој сѐ уште не може да почне да говори. Судијата засега не отстапува од тоа дека судењето не може да се одолговлекува, но адвокатите се децидни дека ќе се направи процесна повреда во случајот. Судијата го праша Јанакиески дали е спремен да даде исказ, а тој одговори дека е спремен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...