Боки 13 и татко му на распит кај Русковска

202

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и неговиот татко Миле Јовановски денеска ќе одговараат нa прашања на обвинителката Вилма Русковска за измамите правени преку Меѓународниот сојуз.

Прв на распит кај шефицата на обвинителството ќе биде Миле Јовановски, а точно напладне е закажан распитот на Боки 13.

Според истрагата, тие се обвинети за перење пари за што го користеле Меѓународниот сојуз формиран од Бојан Јовановски.

Во овој случај осомничени се и пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ Фросина Ременски, потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ и асистентката во сојузот, Христина Блажевска.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...