Заев во Тирана на средба со лидерите од Западен Балкан

89

Премиерот Зоран Заев денеска и утре во албанскиот главен град Тирана ќе учествува на состанокот на лидерите од Западен Балкан, во рамките на иницијативата „Мал Шенген“, чиј домаќин ќе биде неговиот албански колега Еди Рама.

Иницијативата, која има цел интензивирање на регионалната соработка и подобрување на животот на граѓаните, е продолжение на средбите од Нови Сад и Охрид на Заев и Рама со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На вториот ден од состанок е предвидена заедничка изјава за медиуми на лидерите на Западен Балкан.

На трилатералната средба минатиот месец во Охрид беше усвоена Декларација со која се предвидува минување на границите само со лична карта, брзи ленти за камионите и меѓусебно признавање на дипломите, придружена со Акциски план од десетина мерки за нејзино спроведување.

Албанскиот премиер Рама од Охрид тогаш најави дека на наредната средба се очекува да присуствува и новиот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...