Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не му го честитал именденот на почесниот претседател Никола Груевски. Тој во гостување на телевизијата 21 рече дека немал телефонски број од Груевски и немал контакт со него.
– Немам комуникација, немам контакт телефон на господинот Никола Груевски, но честитав на доста Николовци кои ги знам – рече Мицкоски.