Новите амбасадорки во Брисел и Париз ќе ги претстават своите платформи

360

Пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика денеска своите платформи за работа ќе ги презентираат новите амбасадорки во Постојаната мисија при ЕУ во Брисел, Кралството Белгија Агнеза Руси-Поповска и во Франција  Јадранка Чаушевска-Димов.

Во посета на македонскиот Парламент се и претседателот на Групата за пријателство Франција – Македонија на Националното собрание Бернард Сор и потпретседателот на групата Грегори Галбадон, кои ќе се сретнат со членовите на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Франција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...