Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер попладнево е регистриран во Албанија.
Потресот, кој траел неколку секунди е почувствуван во 17.3 часот, со епицентар во Грдец, општина Вора, кај Тирана.
Земјотресот е почувствувам и во Драч, Лежа и Фуш Круја и предзвикал вознемиреност кај жителите.
На 15 овој месец, по неколкудневна смиреност на земјата, во Албанија регистриран беше потрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот беше почувствуван во 2:20 часот на длабочина од десет клометри, со епицентар на шест километри северно од Шијак и 22 километри западно од Тирана.
На 26 ноември, беше разорниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, во кој животот го згубија 51 лице а беше предизвикана огромна материјална штета,најмногу во Драч,Тирана и Туман.