Куќен притвор за актерката Силвија Стојановска, осомничена за меѓународен шверц на кокаин

3614

Триесетдневен куќен притвор вечерва и е определен на актерката Силвија Стојановска отако претходно таа беше спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Дел од медиумите јавија дека Стојановска е приведена во врска со заплена на поголема количина дрога.

Покрај неа, пред судија на претходна постапка беше изведено уште едно лице за кое по барање на Обвинителството му е определен 3-дневен притвор.

– Пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доцна попладнево беа спроведени две лица со предлог на Обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство. По ценење на фактите и доказите, судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на С.С. и определи мерка „куќен притвор“, а на В.Б. му определи мерка притвор за двајцата во траење од 30 дена, информираат од Кривичниот суд.

Против ова решение, двајцата имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...