Три лица се убиени во напад што се случи денеска во центарот на Москва.
Пукањето се случило на плоштадот Лубјанка, на 10 минути пеш од Кремљ и Црвениот плоштад.
Во видео инсерти објавени на социјални мрежи се гледаат голем број полицајци, а во позадина може да се слушнат истрели.
Според првичните извештаи, убиен е човек кој пукал кон зградата на ФСБ и бил вооружен со автоматска пушка. Засега не е познато што точно се случило.
Медиумите во Москва претходно јавија за повредени припадници на ФСБ
Според весникот Известија напаѓачи биле три лица вооружени со автоматско оружје. Откако отвориле оган врз зградата на ФСБ, побегнале и се забарикадирале во соседна зграда. Реонот е опколен од полицијата.
First images from outside the #FSB HQ in #Moscow after reports of #shooting pic.twitter.com/AHMbJeLfdU
— Ruptly (@Ruptly) December 19, 2019