Голгетерот на Рома, Един Џеко смета дека сега е подобар од времето кога настапуваше за Манчестер Сити, но е убеден дека искуството собрано за време на неговиот престој во Англија ќе му помогне за натпреварите со Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите.
– Тоа беше одлично искуство за мене, бидејќи Премиер лигата е најсилниот шампионат во светот. Поминав пет години таму, постигнав многу голови и освоив доволно титули. Имав доволно среќа да играм со најдобрите против најдобрите. Ова искуство ми помогна многу, но мислам дека сум многу посилен отколку во Манчестер Сити, изјави Џеко.
Неговиот тим Рома вечер од 20:45 часот гостува на Ливерпул во првиот меч од полуфиналната пресметка во Лигата на шампионите.