Обвинение за возач кој пијан избегал по сообраќајка во Кавадарци и ги оставил повредените деца

165
Основното јавно обвинителство во Велес, по спроведена истражна постапка, до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице од Кавадарци на возраст од 37 години за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.1 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот зкаоник, како и за  кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од чл.301 ст.1 од Кривичниот законик.

На 31 мај обвинетиот, во состојба на тешко пијанство со присуство на 3,27 промили алкохол во крвта и 2,7 промили алкохол во урината, управувал со автомобил во сопственост на неговата сопруга.

Притоа, движејќи се по улицата „Гоце Делчев“ во Кавадарци, каде брзината на движење на возилата е ограничена на 40 км. на час, обвинетиот го управувал автомобилот со брзина од 84 км. на час, односно со брзина која е за 44 км. на час поголема од дозволената. Доаѓајќи до крстосницата меѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Осми септември“, навлегол во вкрстувањето при вклучено црвено светло на семафорот.

Во тој момент, пак, од ул. „Осми септември“ на крстосницата, во состојба на кочење, навлегувал мопед марка Априлија со кој се превезувале две деца. Мопедот со предното тркало удрил во десната предна врата на автомобилот, а од ударот мопедот заедно со оштетените деца паднал на коловозот, лизгајќи се.

Притоа двете деца се здобиле со тешки телесни повреди. Иако со автомобилот што го управувал ги повредил оштетените деца, обвинетиот продолжил да се движи напред, оставајќи ги без помош на коловозот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...