СЗО: За првпат се намалува бројот на пушачи во светот

Бројот на пушачи значително е намален поради фактот дека жените драстично го намалиле пушењето. Секоја година, пушењето е причина за смртност на повеќе од осум милиони луѓе во светот. 

122

Бројот на пушачи се намалува и првпат е констатирано дека е прекинат постојаниот раст на консументи на цигари, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Промената на глобално ниво покажува дека напорите на владите за намалување на пушењето имаат ефект, спасуваат животи и го штитат здравјето на луѓето, се наведува во соопштението на СЗО, која се обврза дека ќе продолжи да соработува со владите за намалување на трендот на пушењето.

– Со години гледавме дека бројот на пушачи постојано се зголемува, а сега се намалува, бидејќи владите ги заострија мерките против пушењето, наведува СЗО.

Исто така се напоменува дека бројот на пушачи значително е намален поради фактот дека жените драстично го намалиле пушењето.

Секоја година пушењето е причина за смртност на повеќе од осум милиони луѓе во светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...