Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид, денеска, во просториите на компанијата „Руски транс“ Охрид, одржа голема донаторска акција.
На граѓани од социјално ранливата категорија СОС БАЛКАНМЕДИА им обезбеди апарати за домаќинство, нови електрични шпорети, шпорети на дрва, фрижидери, машини за перење, кои им се неопходно потребни за нивните секојдневни потреби.
СОС БАЛКАНМЕДИА Охрид, на Дневниот центар за деца со попреченост „Зраци“ Охрид им додели донација во вид на прехранбени производи и средства за лична и општа хигиена.
Големата хуманитарна акција на Здружението, која се одржува трета година по ред беше поддржана од повеќе правни и физички лица, како и од градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Списокот на сите што беа поддржани во оваа акција можете да го видите овде.