Поради изведување градежни работи затворен за сообраќај денеска и утре ќе биде патниот правец Пршовце-Јегуновце.
Од денеска во наредните 15 дена, поради градежни работи на патниот правец Прилеп-Прилепско Езеро, сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, во должина од четири километри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.