Едита Буткевичијут (30), која живее и работи во Абердин, Шкотска, го скршила ‘рбетот на три места, колкот и скочниот зглоб, скршена ѝ е и клучната коска и оштетен ѝ е црниот дроб, после што на улица врз неа паднал кауч.
Едита од Литванија е во болница од 7 декември и вели дека дури после осум недели ќе биде пуштена дома. За целосно заздравување ќе ѝ биде потребна една година.
Хирурзите ѝ ги фиксирале ‘рбетот и нозете со помош на метални плочки и шрафови, за време на неколкуте операции, додека се обидувале да ѝ го спасат животот.
– Целата сум скршена. Не можам дури ни момчето да го прегрнам. Ми рекоа дека повторно ќе можам да одам, но факт е дека целиот живот ми е уништен за глупост. Ќе бидам инвалид – рекла таа и доддава дека момчето Даниел Фереир веројатно ќе мора да се грижи за неа.
Едита му заѕвонела на Даниел за време на паузата за ручек кога каучот паднал врз неа од покривот. Младата жена 40-на минути лежела згрчена под каучот, пред да ја слушне еден минувач како бара помош. Нејзиното момче после несреќата не се одвојува од неа. Менаџерката на салонот во кој работи Едита, изјавила дека таа е „силна личност“.
– Таа е психички силна и веќе успеа да ги направи првите чекори после несреќата – рекла таа.
Двајца мажи на возраст од 26 и 31 година се обвинети за инцидентот.
– Имавме толку планови и се радувавме за годишниот одмор, а сега се прашуваме како ќе ги платиме сметките – рекла Едита која на почетокот мислела дека ќе остане парализирана.
Едита не се предава.
– Знам дека повторно ќе одам. Среќна сум што сум жива, знам дека ќе биде тешко, но многу сум позитивна, ќе дадам сè од себе – рекла таа.