Научниците советуваат работниот ден дека треба да почне во 10 часот, студентските предавања во 11 часот, часовите за учениците од 8:30 наутро. Предлогот настанал по многубројните студии и истражувања, што ги спровеле научниците од Универзитетот Оксфорд.
Форсирањето на работниците помлади од 55 години да доаѓаат на работа пред 10 часот е контрапродуктивно. Работниците се изморени, нивниот имунитет е послаб и повеќе се склони на болести и поголем стрес.
Тоа води кон послаба меморија и недостиг на внимание, а може да заврши со алкохолизам или земање дрога, тврдат научниците од Оксфорд.
– Нивните тела се исцрпени поради ненаспаноста, а тоа многу влијае на продуктивноста. После 55-та година од животот на луѓето им е потребен помалку сон, а дотогаш би требало со работа да почнуваат во 10 часот за да бидат со полн работен елан и продуктивност. Работниот ден би требало да почнува подоцна и за учениците и студентите. Постарите деца во училиште не би требало да одат пред 11 часот – објаснува доктор Пол Кели, научник од Оксфорд.
Студиите покажуваат дека ученик на возраст од девет години не може квалитетно да се концентрира на наставата пред 8:30, а учениците во средните училишта пред 10 часот.
За студентите најдобро време за настава и учење е после 11 часот. Тогаш подобро би учеле и би имале помалку проблеми во нивното однесување, бидејќи би биле поодморени.
– Живееме во ненаспиено општество. Не можеме да го промениме нашиот 24-часовен биоритам. Нашето тело живее во хармонија со сонцето, недостатокот на сон е мачење, а тоа го прават и во болниците. Општеството би морало да го усогласи почетокот на работниот и училишниот ден со природниот човечки сон, бидејќи на тој начин кај работниците, учениците и студентите доаѓа до здравствени и психички проблеми – истакнал доктор Пол Кели од Универзитетот Оксфорд.