„Билд“: Меркел му објавува војна на Трамп

506

Германската канцеларка Ангела Меркел остро реагираше на одлуката на американскиот Конгрес да се усвои закон, кој предвидува воведување санкции за „Северен поток 2“. Изјавата на Меркел може да се оцени како „објавување војна“ на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува германскиот весник „Билд“.

– Не гледам друга можност освен да бидеме одлучни во текот на преговорите со САД дека е неприфатлива праксата на екстериторијални санкции, гласела „јасната порака“ на Меркел.

Весникот наведува дека изјавата на германската канцеларка е „очевидно објавување војна“ на Трамп и нема да дозволи САД да продолжат со поткопување на проектот за гасовод, кој таа го поддржува.

„Билд“ нагласува дека без разлика на обидите кои ги презема американската страна, проектот во вредност од околу 10 милијарди евра „не може да биде прекинат“ и наскоро ќе заврши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...