Една 17-годишна девојка е уапсена откако скришно влегла во мал авион на аеродромот во централна Калифорнија и со него се забила во ограда од жици.
Тинејџерката се качила преку оградата на меѓународниот аеродром Јосемити во градот Фресно, влегла во авионот и со него удрила во оградата, рекол шефот на аеродромската полиција Дру Бесингер, пренесе АП.
Ниеден патнички авион не бил во опасност поради тој инциденет, а во него никој не е повреден, додал Бесингер.
Тој рекол дека полицијата истражува зошто девојката го украла авионот, но дека нема индиција дека нејзините мотиви се поврзани со тероризам.