Тинејџерка украла авион и удрила во оградата на аеродромот во САД

167

Полицијата уапси 17-годишна девојка откако влегла во мал авион на аеродром во централна Калифорнија и со леталото удрила во оградата.

Ниту еден патнички авион не бил во опасност од инцидентот што се случи на меѓународниот аеродром Јосемити во градот Фресно.

Според полицијата, се уште се испитува зошто девојката го украла авионот, но нема индиции дека нејзините мотиви се поврзани со тероризам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...