Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, денеска треба да седнат на обвинителна клупа во Кривичниот суд како дел од обвинетите во случајот „Титаник 2“ поврзан со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013.
Според „бомбите“ што ги објави СДСМ како опозиција, двајцата се договарале за гласање во однос на поднесени приговори до ДИК.
Во нив, како што беше презентирано, Мијалков му бара на Тачи нивниот претставник во ДИК да гласа за нив за случај во Струмица. Лидерот на ДПА му одговара дека „ќе може“. По што му се јавува на Бедретин Ибрахими (тогашен претставник на ДПА во ДИК), кој се согласува.
Покрај нив тројцата, обвинети во „Титаник 2“ се уште осум други лица.