Стоилковски: Владата не се гледа ни физички, а ни по дела, итно бесплатен превоз со ЈСП и ослободување од работа ВИДЕО

208

Владата не се гледа ни физички, а ни по дела, смогот го голта Скопје, а власта не прави ништо. 

Нивото на канцерогените ПМ10 честички во раните утрински часови во Скопје, Битола, Тетово, Струмица, Кавадарци и Куманово е и до 15 пати над дозволеното.

Болниците се полнат, сообраќајки се случуваат заради намалената видливост, а Заев и Шилегов со прст не мрдаат, изјави вечерва Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Изјавата ја пренесуваме целосно

Загаденоста е директна последица на Зоран Заев, кој и овозможи на бизнис олигархијата блиска до врвот на СДСМ да гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил кои никаде во Европа не се горат и се носат тука во Македонија.

Граѓаните се трујат. Труе власта. 

Состојбата е алармантна и потребни се итни мерки. 

Со цел превентивна заштита на граѓаните. Потребна е итна имплементација на следните три мерки:

Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП додека загадувањето не се намали и состојбата со загадениот воздух во Скопје не се нормализира;

Инспекциски надзор и затворање на погоните кои што загадуваат;

Ослободување од работа на луѓе над 60 годишна возраст, хронично болни и трудници.

Овие мерки Зоран Заев и Петре Шилегов треба да ги прифатат и да стапат на сила уште веднаш. Неспособноста нивна и игнорантскиот однос не донесе до овдека. Потребно е итно делување.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...