Рамос вечерва ќе постави рекорд

155
ФОТО: EPA / JUANJO MARTIN

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ќе стане играчот со најмногу учества во „Ел Класико“, кога вечерва ќе излезе на теренот против Барселона, покажува статистиката.

Централниот дефанзивец ќе го запише натпреварот број 43, заменувајќи ги Чави Ернандез, Мануел Санчис и Пако Хенто. Пред само неколку месеци, дефанзивецот го собори рекордот на Икер Касиљас за натпревари со дресот на репрезентацијата на Шпанија.

Првото „Класико“ за Рамос датира од ноември 2005 година – кога „Сантијаго Бернабеу“ му аплаудираше на Роналдињо за неговиот магичен настап.

Во статистиката на Серхио има 13 победи и 20 порази во големата битка во Шпанија.

Дефанзивецот забележал четири гола во „Ел Класико“, 18 жолти и пет црвени картони.

Лионел Меси има едно помалку – 41, освојувајќи 19 и губејќи 12 од нив.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...