Невработени тетовци переле пари, добија кривична пријава

349

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(37) од c Палатица, Н.Џ.(64) и А.Џ.(41), двајцата од село Селце Кеч, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Во периодот од 12 до 27.12.2017 пријавените, во повеќе наврати преку банкарска жиро-сметка, по основ на купопродажен договор за локал, уплатувале парични средства во вкупен износ од 17.548.800 денари на жиро-сметката на фирма од Тетово, за кои немале економска оправданост, бидејќи првопријавениот и второпријавениот биле невработени, а третопријавениот бил вработен, но месечниот приход кој го добивал не ја оправдувала висината на вложените средства. МВР денеска соопшти дека од полициски службеници било утврдено дека за паричните средства немаат конкретно потекло, а разделување на трансакциите било извршено со цел да ја избегнат должноста за пријавување на наведените финансиски средства.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...