Паланчанец ја избркал сопругата од дома, а кога ја вратиле, ја нападнал со остар предмет

1027

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Т.Е.(45) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 27.11.2019 пријавениот во својот дом, по претходна расправија, ја избркал од дома неговата сопругата, по што од полициски службеници таа била вратена дома, но пријавениот упатувал закани и се обидел да физички да ја нападне со остар предмет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...