Нови мерни инструменти за PM10 честички во Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци

87

Инсталирани се нови инструменти за мерење на РМ10 честички во автоматските мониторинг станици за квалитет на амбиентален воздух – Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Оттаму појаснуваат дека Министерството по спроведување отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на пет автоматски анализатори за мерење на суспендирани честички PM10 и на пет системи за прибирање и обработка на податоци, информира дека во автоматските мониторинг станици за квалитет на амбиентален воздух Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци се инсталирани нови мерни инструменти за мерење на РМ10 и истите се ставени во работен режим.

Податоците од извршените мерења, од денеска се достапни за јавноста на веб порталот за квалитет на амбиентниот воздух: air.moepp.gov.mk.

МЖСПП информира дека инструментот за симултано мерење на РМ10 и PM2.5 од Куманово е исклучен од системот поради технички проблем.

Во моментот кога ќе се отстрани проблемот инструментот ќе биде ставен во работен режим. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...