Мицкоски: И јас сум чул дека има некое стикче со инкриминирачки материјали во Обвинителство под број NSKRO 74/17

5740

Сум слушнал шпекулации дека постои некое стикче со инкриминирачки материјали и дека е во Обвинителството, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на новинарско прашање што се случува со Љупчо Палески, кој беше приведен во Србија, и дали кај него било најдено УСБ со инкриминирачки материјали за премиерот Зоран Заев и за други политичари.

– Истото што вие сега ме прашувате, истото и јас сум го слушнал. Постојат некаков вид такви материјали. Сум слушнал и се шпекулира во јавноста дека постои некое такво УСБ стикче кое што во судските, односно во обвинителството е заведено под број NSKRO 74/17 и дека на тоа стикче има доста работи со кои што можеби треба да се позанимава македонската јавност. Но сето ова е на ниво на шпекулации, јас немам потврдени информации за ова за што ме прашувате и за она кое што јас го слушам. Но навистина, ако ова е точно, тогаш е катастрофално. Во тие шпекулации се оди дотаму дека тоа стикче било најдено во моментот кога е вршен претрес кај еден од осомничените во случајот „Рекет 1“, и дека се наоѓа во обвинителството така што ако ова е вистина што ме прашувате а јас исто така го слушам на ниво на шпекулации, тогаш навистина ќе биде уште еден пораз за македонското обвинителство и за македонското судство и доказ дека се тие денеска реформирани од како што велеше порано Зоран Заев од Сваровски во Луј Витон правосудство – рече Мицкоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...