Неканет гостин е недобредојден гостин. Не бев поканет ниту на инагуарацијата, а не бев поканет ниту на ова годишно обраќање на господинот Пендаровски, бидејќи првиот пат беше протоколот грешка, а сега ќе слушнеме претпоставувам нешто слично без да има никаква одговорност. Така што лицемерието е на максимум, едно се зборовите, едно е реториката, она што го слушнавме може да кажам дека е една бледа копија на она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го зборуваме, но испораката за жал ја нема. На кратко не бев поканет и затоа не присуствував на обраќањето на господинот Пендаровски, одговори денеска на новинарско прашње лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Не слушнав од обраќањето каква било понуда, освен неколку работи кои што ги ископирал од она што ние го говориме недели наназад, поврзано со одговорност не само на судии и обвинители, туку и на политичари, нивни семејства, поврзано со лошото функционирање на судовите, обвинителствата итн. Јас апсолутно не слушнав од господинот Пендаровски некаква понуда да каже ова и ова треба да се случи, така што помина тој говор како што помина и претпоставувам дека тој ќе биде задоволен, неколкумина околу него ќе му викаат „Браво шефе одличен беше“, но за жал по ништо нема да остане запаметен овој говор на господинот Пендаровски, освен по тоа што не успеа да најде храброст и без дозвола на неговиот стопан да го повика лидерот на опозицијата присуствува по втор пат. Првиот пат беше нели на инагуарацијата, сега еве втор пат на неговиот новогодишен или предновогодишен како да го наречам говор – вели Мицкоски.