Средните училишта во Куманово и осумтте објекти од градинката „Ангел Шајче“ добија прочистувачи на воздух. Гиманзијата „Гоце Делчев“, средните училишта „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“ денеска ги добија прочистувачите. Општина Куманово аплицираше преку генералниот секретаријат на Владата и за кумановските училишта и за градинките се доделени 27 прочистувачи за воздух.
Директорката на кумановската гимназија, Марија Тодоровска, изјави дека шестте прочистувачи кои ги доби гиманзијата ќе бидат распределени по ходниците на училиштето, каде има и најголема фрекфенција на ученици.
– Прочистувачите пристигаат навреме и одоговараат на вкупната површина на училиштето. Со овие прочистувачи значително ќе се подобрат условите. Апелираме до родителите да не се грижат за здравјето на учениците – изјави Тодоровска.
Во гимназијата настава годинава следат 974 ученици во две смени.