Очекувавме во своето прво обраќање претстедателот Стево Пендаровски да проба да гради мостови, но очигледно тој се уште не е излезен од чевлите на СДСМ и наместо да понуди мостови и помирување тој само успеа да ги продлабочи поделбите.
Ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за обраќањето на претседателот Стево Пендаровски пред пратениците.
– Очигледно покомотно се чувствува кога ги зазема ставовите на партијата. Чувме многу празни зборови, но не слушнавме ништо конкретно. Чувме дијагнози, но не чувме конкретни решенија – изјави пратенкот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Посочи дека во говорот на Пендаровски не слушнале ништо во однос на неговите последни изјави за Гоце Делчев и иселувањето на младите.
– За неколкуте идеи што ги соопшти, мора да кажам дека нема никакви консултации со пратениците и опозоцијата што само потврдува дека тој не успеал да излезе од партиските чевли на СДСМ – рече Димовски.
Жалиме, продолжи тој, за испревртените интерпретации на Венецијанската комисија.
Посочи дека тие подале рака со нивното присуство денеска, но дека се разочарани.
– Одговорот на нашата проактивност не носи плод. Сакаме да му порачаме дека седум месеци се доволни за да излезе од својот партиски дрес. Време е да се постави како претседател на сите граѓани – изјави Димовски