Евакуирано средното уметничко училиште во Скопје

867

Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје е евакуаирано изутринава.

Направа што наликува на рачна бомба е пронајдена изутринава покрај автомобил на паркинг-просторот во близна на училиштеto „Лазар Личеновски“ , поради што се евакуирани сите присутни во објектот.

МВР потврди дека во 8.36 часот во ЕИК-Скопје е пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на паркинг-простор има направа што наликува на рачна бомба оставена до автомобил. Полициски службеници излегле на местото на настанот и работат на расчистување на случајот.

Од МВР велат дека се уште се утврдува дали станува збор за школска или вистинска бомба.

Во инцидентот нема повредени, а на учениците и наставниците им е забранет пристап до училишната зграда

Учениците и наставниците се изведени надвор од објектот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...