Шарлиз Терон ја опишала најужасната ноќ кога мајка ѝ го убила татко ѝ

Оскаровката Шарлиз Терон (44) имала само 15 години кога ѝ се случило најужасното нешто во животот – нејзината мајка Герда во самоодбрана го убила татко ѝ Чарлс.

794
ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT
ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT

Оскаровката Шарлиз Терон (44) имала само 15 години кога ѝ се случило најужасното нешто во животот – нејзината мајка Герда во самоодбрана го убила татко ѝ Чарлс.

– Татко ми беше толку пијан што едвај одеше и влезе дома со пиштол. Мајка ми и јас се потпревме на вратата на спалната соба за да го спречиме да влезе. А потоа тој трипати пукаше низ вратата. Ниту еден куршум, за среќа, не нè погоди, што беше чудо. Го уби во самоодбрана за да нè спаси – раскажала Шарлиз.

Шарлиз објаснила зошто против нејзината мајка никогаш не било подигнато обвинение и додала дека не се срами да зборува за страшниот настан.

– Не се срамам да зборувам за тоа бидејќи мислам дека што повеќе зборуваме за такви работи, повеќе сфаќаме дека во тоа не сме сами. Мојата приказна е приказна за раснењето со зависник и за она што зависноста му го прави на човекот. Но тоа, за жал, се случува кога проблемите не се решаваат во коренот – заклучила Терон.

ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...