БиХ: Голема полициска акција, уапсени најмалку 20 луѓе

148

Најмалку 20 лица се уапсени во утринската операција од полицијата во БиХ, во потрага по осомничени за злоупотреби на дрога и недозволено поседување оружје и муниција.

Полициски екипи од кантонот Зеница-Добој започнале претреси на 31 локација на подрачјето на Маглај, Завидовиќи и Тешањ, а досега се уапсени 20 луѓе, објави „Независне“.

Тоа е продолжение на полициската акција наречена „Мрежа III“.Според локални медиуми, акцијата се уште трае.

Фото: Dnevni Avaz

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...