Два ексклузивни концерти на Масимо Савиќ во Скопје

Масимо овојпат ќе има свое деби во салата на Македонската филхармонија.

233

По три години пауза, хрватската поп-ѕвезда, Масимо Савиќ, ќе одржи два ексклузивни концерта во Македонската филхармонија во Скопје, на 3 и 4 февруари.

Публиката ќе има можност да ужива во “best of” програма, каде што Масимо и неговиот супер бенд ќе ги изведат најголемите хитови: “Izjednog pogleda”, “Stranac u noci”, “Dodirni me slucajno”, “Da mogu”, “Suze nam stale na put”, “Ostani tu”, “1000 ljudi”, “Kladim se na nas” и уште многу други песни кои ја одбележаа неговата 30 годишна музичка кариера.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре (18.12) во 09 часот наутро, по цена од 1.500 денари и ограничена количина на ВИП влезници по цена од 2.000 денари, а истите ќе бидат достапни за купување во Avalon Music & Ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...