Фридман: Заклучокот на БАН дека не постои македонски јазик е враќање во времето на фашизмот

625

Негирањето на македонскиот јазик и македонските дијалекти од страна на Бугарската академија на науките е дел од политиката на негирањето на македонското малцинство во Бугарија, изјави американскиот лингвист Виктор Фридман.

Заклучокот на БАН дека македонскиот јазик на постои, односно е дијалект на бугарскиот јазик е враќање во времето на фашизмот, смета професорот Фридман, долгогодишен шеф на Катедрата за јужнословенски јазици на Универзитетот во Чикаго кој повеќе од 30 години се заминава со лингивистиката на Балканот.

– Бугарите, освен крактрајното признавање од 1946 до 1948 година, никогаш навистина не го признале македонскиот јазик и сметам дека сегашниот однос на нивната академија по ова прашање е враќање во 1930-ти и рани 1940-ти години, значи времето на фашизмот, кога велеа дека нема македонски јазик, однос тој бил бугарски, изјави Фридман за Гласот на Америка.

Според него, иако на почетокот на 1990-те со признавањето на независноста на Република Македонија, Бугарија го признала официјалниот јазик на Република Македонја (а не македонскиот јазик) , политиката на некои научни и политички кругови во земјата се уште е поврзана со фашистичкиот период.

-Сега ова е многу тешко да се промени бидејќи се веќе влезени во Европската Унија, смета Фридман.

Според него, Преспанскиот договор ги засили апетитите на Бугарија.

– Да немаше Преспански договор, Бугарите ќе седеа малку потивко, затоа што Македонија ќе немаше шанси да стане дел од Европа заради Грција, изјави Фридан.

Според него, Македонија е самостојна земја со самостоен јазик уште од 19 век, кога основоположникот Ѓорѓи Пулевски ги издвои македонските дијалекти од основната јазична база како поразлични од бугарските дијалектите од тој регион.

– Значи, иако тие јазици се многу блиски, сепак, се различни. Негирањето на македонскиот јазик и на македонските дијалкети е дел од политиката на негирањето на македонскиото малцинство во Бугарија, изјави Фридман.

Професорот Фридман е член на неколку неколку академии на Балканот, а Бугарија ја признала неговата експертиза наградувајќи го со јубилејниот медал „1300 години Бугарија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...