Совет за македонски јазик: Македонците секогаш зборувале и ќе зборуваат на македонски јазик

331

Советот за македонски јазик се придружи кон реакциите на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и на Институтот за македонска литература во однос на ставот на Бугарската академија на науките во врска со македонскиот јазик.

– Постоењето на македонскиот јазик со свој посебен дијалектен систем и со своја историја е апсолвирано прашање во светски рамки уште одамна и секој став што го негира овој непобитен факт го сметаме за свесна провокација – нагласува Советот.

Неочекувано е и неприфатливо ваква реакција, велат од Советот, да дојде од страна на една академско-научна институција од држава членка на Европската Унија.

– Познато е дека се одржани многу конференции посветени на македонскиот јазик, литература, историја и култура на кои присуствувале еминентни професори и научници од целиот свет чии истражувања не соодветствуваат на ставовите на Бугарската академија на науките. Македонците секогаш зборувале и ќе зборуваат на македонски јазик! – стои во реакцијата на Советот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...