Прељубата веќе нема да биде кривично дело во учебникот по социологија

До почетокот на  следната учебна 2020/2021 година, како што велат од МОН, неговата содржина ќе биде соодветно измената и по повторното печатење учебникот ќе биде дистрибуиран до училиштата

265

По безмалку две децении во употреба, учебникот по социологија за втора година средно образование дојде на ред за ревизија, откако во изминатите неколку дена предизвика многу реакции во јавноста, главно, поради контроверзните содржини кои упатуваат на родова дискриминација.

Од Министерството за образование и наука соопштија денеска дека во планот на Педагошката служба за ревизија на учебниците е и „Социологија“ за втора година средно образование. До почетокот на  следната учебна 2020/2021 година, како што велат од МОН, неговата содржина ќе биде соодветно измената и по повторното печатење учебникот ќе биде дистрибуиран до училиштата.

„Забелешки за овој учебник неодамна беа доставени од Бирото за развој на образованието, по барање на МОН за проверка на содржината на учебниците со цел осовременување на истата, особено на оние кои се користат во гимназиското образование (бидејќи се одобрени во периодот од 2001 до 2006 година). За учебниците за кои добивме забелешки беше спроведен процес на корекција и повторно печатење во 2018 година, но меѓу нив не беше и учебникот кој денес е предмет на повеќе медиумски текстови, односно за истиот не беа доставени забелешки“, наведуваат од МОН.

Од МОН додава дека имало и ќе има потреба од поддршка и помош во процесот на унапредување на содржината на учебниците и тоа најмногу од оние кои секојдневно ги применуваат – наставниците и самите ученици. Во таа насока, во 2017 година Педагошката служба спровела анкета помеѓу наставниците во основните и средните училишта со цел да достават сугестии, да укажат на забелешки од сите можни аспекти во врска со содржината на учебниците кои се одобрени и се применуваат во наставата, заради пристапување кон нивна корекција и ажурирање.

Во спорниот дел од учебникот кој беше пренесен во медиумите, меѓу другото, се наведува дека жената што е затворена дома нема јавни улоги и нема можност да прави кривични дела. Идсто така, прељубата беше посочена како кривичо дело.

Според информациите што цирулираа низ социјалните мрежи, автори на овој учебник, кој е во употреба во последните 17 години, се универзитетските професори Нелко Стојаноски, Милева Ѓуроска и Зоран Матевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...