Набавени цистерни за одзатнување на канализација

279

ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, денеска ја промовира обновената механизација за потребите на претпријатието. Набавени се две нови цистерни под притисок со волумен од 4м3, две цистерни под вакуум со волумен од 4м3, како и специјализирано мерно комбе возило за испитување на дефекти на водоводната мрежа. Вкупната инвестиција за обнова на механизацијата изнесува околу 30 милиони денари.

– Сакаме да истакнеме дека ова е прва набавка на ваков тип на возила од 2011-та година до денес и во овој момент претпријатието располага со 10 цистерни под притисок и 10 цистерни под вакуум. Цистерните под притисок се употребуваат во процесот на одзатнување на канализациските цефки од различни профили користејќи вода под притисок, додека пак цистерните под вакуум се употребуваат за црпење на вода при поправки на водоводни дефекти, за црпење на отпадна вода како и за чистење на сливници. Специјализираното мерно комбе возило е со вградена опрема и опрема за третирање на загуби на вода според најновите стандарди, со што се овозможува детектирање на дефекти, нивно полесно и побрзо лоцирање како и намалување на загубите на вода – велат од претпријатието.

Новите возила со кои е обновена механизацијата на ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје се опремени со најновите еко мотори со емисија на издувни гасови според стандардот Еуро 6, кој се карактеризира со 96 отсто намалена емисија на честички кои делуваат на аерозагадувањето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...