Пратеничката на СДСМ и потпретседателка на парламентот Фросина Ременски денеска треба да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, како осомничена во истрагата за работењето на „Меѓународниот сојуз“, односно во случајот „Рекет2“.
Ременски два дена вршеше увид во доказите кои во истрагата ги прибрала обвинителкаата Вилма Русковска.
Вчера исказ даваше осомничената Јасна Мандиќ, која е потпретседателка на невладината организација „Меѓународен сојуз“.
Другите осомничени во овој случај Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко Миле и асистентката Христина Блажевска исказ треба да дадат во петок.
Русковска изјави за време на викендот дека истрагата за „Рекет 2“ е при крај и очекува на почетокот на јануари да биде подигнато обвинение.
Во октомври, Обвинителството отвори истрага за измами што ги направил Сојузот со проект за изградба на центри за возрасни лица, за што се барале пари од бизнисмени
Ременски на распит кај Русковска
Пратеничката на СДСМ и потпретседателка на парламентот претходно два дена вршеше увид во случајот „Рекет2“.
loading...