Десет странски филмови влегоа во потесниот список на остварувања кои се натпреваруваат за номинациите за Оскар. Меѓу десетте филмови е и македонскиот „Медена земја“.
Во пошироката конкуренција имаше 91 филм. Ова е прва година што Оскар ќе ја доделува наградата под ново име: најдобар меѓународен долгометражен филм.
Категоријата претходно беше позната како најдобар филм на странски јазик.
Номинациите за 92-те награди на Академијата за филм ќе бидат објавени на 13 јануари. Церемонијата на доделувањето на Оскарите ќе биде одржана на 9 февруари во Лос Анџелес.
„Медена земја“ е македонски кандидат и за Оскар за најдобар странски филм, но во категоријата за најдобар документарец се квалификува поради победата на фестивалот Докавив во Тел Авив.