Заразени 60 скопјани од жолтица, Скопје пред епидемија

1700

На Скопје му се заканува епидемија на жолтица, бидејќи за неполни три месеци заболеле 60 лица. Професор и 14 ученици од неколку скопски училишта се дел од заразените со хепатит А. Болеста е регистрирана во речиси сите општини во главниот град, а Сарај е на врвот со дури 14 заболени, пренесе Сител телевизија.

Деветмина заразени има во Ѓорче Петров, осуммина во Гази Баба, а седуммина се од Аеродром.

Од Центарот за јавно здравје – Скопје велат дека изворот на зараза не се училиштата, но имаат засилен надзор овој период со вонредни препораки до образовните установи за дезинфекција на просториите. На Инфективна клиника во моментот има 17 пациенти со заразна жолтица, од кои 10 се деца.

– Пациентите се изнемоштени, со изразено жолтило, повраќање, без апетит, ги хоспитализираме и го следиме текот на болеста, вели д-р Марија Димзова од Клиниката за инфективни болести.

Од оваа установа велат дека немаат заболени со сериозни компликации, но возрасните потешко ја прележуваат заразата од децата. Хепатит А е болест на нечисти раце и според инфектолозите, личната и колективна хигиена е основна превенција од жолтица.

– Имајќи ја во предвид инкубацијата дека заразениот незнае дека ја има болеста, најдобра превенција е миење на рацете со вода и сапун, само така може да дојде до прекинување на заразата, вели д-р Димзова.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...