Ерменскиот премиер поднесе оставка, војници се придружија на протестите (ВИДЕО)

Стотици војници излегоа на протестите во Ереван што се одржуваат веќе 11-ти ден, демонстрантите го обвинуваат премиерот за корупција.

1326

Стотици војници излегоа на протестите во Ереван што се одржуваат веќе 11-ти ден, демонстрантите го обвинуваат премиерот за корупција.

Новоизбраниот премиер на Ерменија Серж Саргсјан соопшти дека поднесе оставка, објави Ројтерс, а пренесува Алџезира.

Тој го стори тоа по неколкудневните масовни протести во главниот град на Ереван и другите градови во таа земја.

Ерменскиот парламент во вторникот го избра Саргсјан за премиер.

Стотици војници се придружија на анти-владините протести во Ереван денеска, обвинувајќи го Саргсјан за корупција и автократско владеење.

Како одговор на протестите, што се одржуваат веќе 11 дена, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека ќе преземе „остри мерки“ против сите членови на армијата кои ќе учествуваат во демонстрациите.

Репортерот на Ал Џезира Робин Форестиер Вокер известува од Ереван дека таквите настани не се очекувале.

– Се објавуваат фотографии и видеа од војници кои одат низ главните улици на Ереван. Исто така, видовме и некои поранешни верски лидерина протестите – според Волкер.

Апсење на лидерите на опозицијата

Во неделата Никола Пашињан и двајца други опозициски политичари беа „притворени поради извршување на општествено опасен чин“, се вели во соопштението на државниот обвинител. На прес-конференцијата денес, владата го оправда апсењето на лидерите на опозицијата.

Движењето кое што ги организира протестите, на кои илјадници луѓе излегуваат на улиците, е составено од мрежата на поддржувачи на опозицијата кои сами се организираат, инаку изградена од Пашињан.

Како што известува Вокер, расположението меѓу демонстрантите е позитивно: „Двете страни ќе си ги следат потезите за да знаат што да прават понатаму“.

Демонстрантите го повикаа Саргсјан да поднесе оставка, наведувајќи ја корупцијата и стравот од олигарсите и авторитарното владеење.

Саргсјан беше именуван за премиер овој месец по десетгодишното вршење на функцијата претседател на државата. Тој претходно изјави дека нема намера да поднесе оставка.

Подготви: А.Ј.

 

ФОТО: твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...