Истрага за двајца дилери, дел од дрогата и вага фрлале во печка на дрва

354

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничените на 13ти декември неовластено заради продажба држеле 13,59 грама наркотична дрога – кокаин.

– Дел од дрогата била пронајдена при личен претрес кај првиот осомничен. Истиот ден при претрес во неговиот дом било затекнато и второто осомничено лице кое се обидело да фрли дел од дрогата и една дигитална вага во печка на дрва.  Кај осомничените биле пронајдени и одредени парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело и истите се одземени, се вели во соопштението од ЈО.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и страв дека осомничените можат да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување  мерка притвор за двајцата осомничени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...