Битолчанец фингирал дека е грабнат во Шутка, за да изнуди пари од родителите

Лицето М.К. е приведено додека влегувал во возило „алфа ромео“, сопственост на неговиот татко, за кое возило тврдел дека е грабнат со него, при што кај него биле и дел од парите кои биле предвидени за неговиот наводен откуп, а претходно технички обработени.

508

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и СВР Скопје вчера околу 19 часот на улица „Шуто Оризари“ го лишиле од слобода М.К. (29) од Битола поради основано сомнение дека е инволвиран во фингирано извршување на кривични дела грабнување и изнуда.

Акцијата, како што информираат од МВР, е по наредба на ОЈО Битола.

– На 14.12.2019  Б.К., татко на М.К., во СВР Битола пријавил кривични дела грабнување и изнуда при што наводна жртва е неговиот син. По насоки на ОЈО Битола веднаш се преземени оперативно технички мерки и дејствија и случајот е расчистен односно утврдено е дека станува збор за фингиран настан, во кој покрај М.К. се инволвирани уште неколку лица, со кои М.К. бил во претходен договор со цел да изнудат пари од родителите. М.К. и претходно е пријавуван за кривични дела, издржувал затворска казна, а имал и долгови кон различни лица, се вели во соопштението од МВР.

Лицето М.К. е приведено додека влегувал во возило „алфа ромео“, сопственост на неговиот татко, за кое возило тврдел дека е грабнат со него, при што кај него биле и дел од парите кои биле предвидени за неговиот наводен откуп, а претходно технички обработени. По документирање на случајот, СВР Битола ќе поднесе соодветен поднесок до ОЈО Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...