Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ф., стечаен управител и овластено лице – единствен потписник на сметката на Јавно претпријатие за уредување и употреба на градежно земјиште Гостивар – во стечај, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела злупотреба на службената положба и овластување, и фалисфикување или уништување на деловни книги.
– Пријавениот Д.Ф. во периодот од 2012-2018 година со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што спротивно на член 34 ст.1 в.в т.2 од Законот за стечај, подигнал и присвоил парични средства на име материјални трошоци од банкарската сметка на правниот субјект во вкупен износ од 4.199.700 денари, за кој износ го оштетил државниот буџет – велат од ОЈО.