Оштетена зградата на бугарската амбасада во експлозијата во Подгорица

246

Во експлозијата во паб во центарот на Подгорица, што се случи утрово околу четири часот, оштетена е и зградата на бугарската Амбасада.

Кабинетот на бугарскиот конзул има скршени прозорци и една врата, поради што полицијата, заедно со вработените од дипломатската мисија, спроведоа увид, јавија црногорски медиуми.

– Конзулатот ќе ја санира штетата без понатамошна истрага, соопшти полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...