На ќерката на Берни Еклстон за 50 минути ѝ украле накит вреден 64 милиони

Додека таа ги пакувала куферите за празничниот одмор со семејството, крадците го поминувале последниот план за кражбата на нејзиниот вреден накит.

526

Иако живее во еден од најбезбедните квартови во Лондон со силно обезбедување во сопствениот дом, непознати сторители успеале да провалат во вилата на Тамара Еклстон и за помалку од еден час да украдат накит во вредност од дури 64 милиони долари.

Според таблоидот „Сан“, од домот на ќерката на поранешниот прв човек во Формула 1, Берни Еклстон, кој се наоѓа во Западен Лондон, тројца крадци провалиле во нејзината куќа, при што морале да поминат покрај чуварите и сите заштити за да стигнат до сефовите со накит.

Додека таа ги пакувала куферите за празничниот одмор со семејството, крадците го поминувале последниот план за кражбата на нејзиниот вреден накит од добро чуваниот сеф во вилата во Кенсингтон. Во петокот наутро неколку часа откако Тамара со сопругот Џеј Рутланд и ќеркичата Софија заминала, некој го ограбил нејзиниот луксузен дом.

Портпарол на лондонската полиција за медиумите изјави дека зџасега не може да потврди, ниту да негира дека Еклстон била ограбена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...